ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре почнуваат 30-дневните Рамазански пости

Пристигнувањето на месецот Рамазан го зголеми прометот на Бит-пазар, но тоа не значи дека се зголеми и купопродажбата. Ова се должи на кризата предизвикана од пандемијата.

Граѓаните велат дека повеќето немаат можност да купат храна за да ја наполнат Рамазанската трпеза. Цените се високи, а платите ниски. Поради тоа празничната атмосфера не е највесела.

Не се стигнува. 100 денари литар масло, што можеме? Некој зема пензија од 9 илјади, 11 илјади, 12 илјади денари, а под 30 илјади денари е бескорисна иако и таа е мала.

Скапи цени, но што можеме да сториме, мали плати, скапи цени. Живееме така уште некој ден со тешкотии.

Нема атмосфера, можеби поради Ковид, но нема атмосфера како порано. Тешко, многу луѓе немаат за да купат. Доматите и пиперките ни се скапи.

Продавачите велат дека граѓаните многу се мислат пред да купат кој било производ. Најчесто купуваат мали количини и само најнеопходното.

Во споредба со минатата година, како воопшто да не јадат затоа што не им го дозволува платата. Минималната плата е 15 илјади денари. Што попрво да прават со тие 15 илјади денари?

Цените се високи. Доматите 90-100, краставиците 60, пиперките 80-100 денари… Кога е празникот е поинаку, има повеќе движење, но народот нема пари.

Рамазанските пости ќе траат до 12 мај.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button