МАКЕДОНИЈА

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека утре поради одржувањето на „Парада на гордоста“, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на централното градско подрачје на Скопје.

За време на движењето (по потреба) за сообраќај ќе бидат затворени ул.„11-ти Октомври“, ул.„Димитрие Чуповски“,, ул.„Васил Главинов“, бул.„ВМРО“, бул.„Илинден“, ул.„Аминта Трети“ ,и ул.„1732“.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button