ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре пресуда за случајот со партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ

Утре пресуда за случајот со партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ

Скопскиот кривичен суд утре ќе ја објави пресудата за случајот „Талир 2“ за изградбата на партиското седиште на ВМРО – ДПМНЕ. Обвинети се екс – претседателот на партијата, Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на ВМРО, Кирил Божиновски за злоупотреба на нивните функции. Божиновски смета дека не е докажано вина кај него и бара да биде ослободен.

„Ниту од страна на обвинителството, ниту од страна на одбраната не беше презентиран ниту еден материјален или вербален доказ во насока на тоа дека јас лично сум договарал било што поврзано со изградбата на централното партиско седиште, пред започнувањето на официјалната партиска процедура на колективните партиски тела,“ рече Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ.

Вината беше префрлена на високите партиски тела на ВМРО – ДПМНЕ. Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија, го брани адвокат по службена должност кој го плаќа државата, а тој побара Груевски да биде ослободен.

„Барам, првообвинетиот да биде ослободен од обвинение, бидејќи во неговите дејствија нема елементи на кривично дело кое му се става на товар,“ рече Горан Кркински, Адвокат на Груевски

Претходно, Обвинителството побара затворски казни за Груевски и Божиновски, бидејќи според Обвинителството, презеле незаконски дејствија за да се изгради т.н. „Бела палата“ на ВМРО. Обвинителството бара државата да ја конфискува. Но, дали ќе се конфискува утре ќе одлучи Кривичниот суд.

Игор Стефановски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button