ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре пробив за минималната плата или протести

Утре се очекува да биде конечниот ден за зголемување на минималната плата на 18 илјади денари, како што бараат синдикалците. Ден пред владиниот економски тим да ги преиспита сите предлози за да одлучи кој е прифатлив, синдикалците потсетуваат дека нема да се откажат од своите барања. Тие дури најавија дека ќе започнат штрајк, односно блокади на фабрики, економски зони и патишта доколку во четврток Собранието не го изгласа предлог-законот за зголемување на минималната плата.

“Вработените во текстилниот сектор не се согласуваат со предлогот на работодавачите државата да ги субвенционира приватните компании, затоа што велат дека парите не завршуваат кај работниците, туку уште повеќе им ги полнат џебовите на газдите”, вели Златко Цветковски, секретар на Советот на ССМ

“Во меѓувреме, премиерот Ковачевски на социјалните мрежи напиша денеска дека минималната плата ќе се зголеми и оти очекува утре да има позитивен договор. Но, тој никаде не прецизираше дали платата ќе порасне до 18 илјади денари како што бараат синдикатите”, вели Кристина Ампева, текстилна индустрија.

Минатата недела не беше постигнат договор. Синдикатите ги обвинија работодавачите дека даваат несериозни предлози и наместо да го гледаат најдоброто за работниците, тие ги гледаат само своите интереси. Работодавачите пак, бараат доколку ги покачат платите до 18.000 денари, тогаш Владата да им ги субвенционира придонесите. За работодавачите е прифатливо минималната плата да биде 16.300 денари. /Алсат.мк

Мелихате Рустеми 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button