ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Утре завршува комисиската општа расправа за буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет утре ќе го одржи последниот ден од општата расправа за Предлог- Буџетот за следната година, а во сабота ќе ја почне амандманската расправа која се очекува да заврши во среда. За предлог-буџетот опозициската ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 220 амандмани. Расправата за буџетот не продолжи неделава поради откажувањето на сите активности по автобуската несреќа во која според последните информации загинаа 44 лица.

Доколку не дојде до некое повторно одложување, се предвидува, според информации од пратениците, амандманската расправа да заврши во среда, а потоа текстот да се врати на Владата која треба да ги вгради прифатените амандмани. Откако ќе биде вратен во Собрание, дополнетиот Предлог-буџет оди на пленарна седница, а таму расравата трае пет дена.

Иако по неуспешниот обид за гласање недоверба на Владата, земјата се наоѓа во политичка криза и има преговори за зголемување на бројот на пратениците во парламентарното мнозинство, сите пратенички групи во Парламентот се согласни дека тој треба да се донесе пред крајот на годината. Дури и најавите за формирање на нова влада, како што велат, нема да го променат ставот дека Буџетот треба да се донесе.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button