МАКЕДОНИЈА

Утре завршува рокот за пријавување за гласање на болни и изнемоштени лица

Своето право на глас на претстојните локални избори први ќе го искористат лицата што ќе се пријават да гласаат како болни и немоќни, болни од ковид-19 или во самоизолација, затвореници, лица во притвор и во стaрски домови. Тие гласаат еден ден претходно, на 16 октомври, а за нив за утврдување на идентитетот и проверката дали веќе гласале нема да се врши со уреди за биометриска идентификација, туку за нив ќе користи спреј и УВ-лампа.

Пријавувањето до општинските изборни комисии за гласање на болните и немоќните завршува утре (9 октомври на полноќ), додека рокот за лицата со ковид-19 или во самоизолација е до 11 октомври на полноќ.

Во однос на лицата со ковид-19 и во самоизолација, предвидено е Општинската изборна комисија по службена должност да собере податоци од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за лица кои се пријавени за гласање согласно со член 111-б став (1) од Изборниот законик. ДСЗИ е должен во рок од 24 часа од добиеното барање да ги достави до ОИК податоците за лицата пријавени за гласање.

Гласањето на лицата со ковид-19 или во самоизолација го спроведува посебен избирачки одбор составен од здравствени работници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button