ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Утринава посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје
Од 9:00 часот утринава, во центарот на Скопје ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим поради одржување на синдикален протест, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Протестот ќе се одвива со траса на движење од ул.’Мирче Ацев’–ССМ, ул.’Филип Втори Македонски’, десно по ул.’Димитрие Чуповски’ пред Министерство за правда, десно по бул.’ВМРО’ и лево по бул.’Илинден’ пред Влада на Република Северна Македонија“, посочуваат од МВР.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што полициските службеници ќе ги издаваат на посочените сообраќајници на кои утринава ќе се одржува протестот.