ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Утврдени 394 нови случаи на Ковид-19, починаа 9 пациенти
Во последниве 24 часа во земјава се извршени 2236 тестови за коронавирус и од нив 394 се позитивни, или 18 проценти од извршените тестови.
Истовремено, животот го загубија 9 пациенти со дијагностициран КОВИД-19, додека 387 пациенти се излекувани.
Во земјава во моментов има 8.332 активни случаи.
Од почетокот на пандемијата, регистрирани се 91.555 случаи, од кои 80.008 се опоравени, а 2.821 пациент ја изгубиле битката со болеста Ковид-19.