МАКЕДОНИЈАПОСЛЕДНИ

В година поголем број на пазарни инспектори

Догодина бројот на нови пазарни инспектори ќе се зголеми за 20. Владата го одобрила барањето на Државниот пазарен инспекторат за зголемување работниот кадар. Директорот на пазарната инспекција вели дека до тогаш, ќе се снаоѓаат како знаат и умеат. Оваа владина одлука доаѓа по жестоките реакции во јавноста откако Пауновски јавно се пожали дека Владата го одбила барањето за нови вработувања во инспекторатот со кој тој раководи. Информаците кои доаѓаат од терен според Пауновски се дека граѓаните се повеќе ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот, а кај  компаниите – особено угостителските објекти се помалку се констатираат прекршувања на правилата за работа.

„Сите инспектори, молиме бога инспекторите да бидат живи и здрави и да ги завршат работните задачи. Се што ни е дадено како задача максимално се трудиме да го испочитуваме. И она што го добиваат инспекторите како плата од граѓаните и сите ние од пазарниот инспекторат да ја завршиме работата онака како што треба.  Нема место каде што требало да се направи контрола, а не сме ја направиле“, рече Стојко Пауновски, директор на Пазарниот инспекторат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button