ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

„Вакцината МРП не предизвикува аутизам кај децата“

Вакцинацијата на децата со МРП вакцина нема никаква врска со предизвикување аутизам кај децата, велат здравствените власти. Според последниот извештај на Министерството за здравство, повеќе од половина од децата во Куманово кои стигнале до возраста за вакцинација не се вакцинирани со МРП вакцина која е против сипаници, рубеола и заушки. Министерот Сали рече дека вината е во дезинформациите кај граѓаните што ги промовираат „антиваксерите“, но немаат број колку од вакцинираните имаат аутизам.

„Поврзаноста помеѓу вакцинацијата и аутизмот досега не е докажана. Наша обврска е да кажеме што е научно докажано и дека досегашните истражувања велат дека вакцините се безбедни и дека треба да се примат. Како што се шират дезинформации, ние имаме должност да ја кажеме вистината, сметаме дека граѓаните треба да им веруваат на надлежните институции и да не бидат жртви на лажни вести на социјалните мрежи“, рече министерот Сали.

Од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје велат дека ваква родителска хистерија не се случува во други земји. Патриција Ди Џовани рече дека ни вакцините против Ковид немаат никаква врска со здравствените последици кај децата.

„Како и во пандемијата со Ковид-19 и периодот пред тоа, нема апсолутно никаков знак на поврзаност помеѓу вакцинацијата и аутизмот. Меѓународната научна заедница, вклучително и УНИЦЕФ, потроши многу пари во обид се да открие дали аутизмот е поврзан со вакцинацијата, но немаат врска“, вели Патриција Ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ.

Во Европската недела на кампањата за имунизација, претставници на Светската здравствена организација соопштија дека само за двегодишниот период на пандемијата над 40 илјади деца биле вакцинирани со МРП вакцини, а веројатноста да имаат здравствени последици е нула. Инаку, кај нас и понатаму е низок интересот и за анти-ковид вакцини кај децата на возраст од 12-18 години.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button