ВЕСТИЗДРАВСТВО

Италија ја одобри вакцината на „Модерна“ за адолесценти

Италијанската регулаторна агенција ја одобри употребата на вакцината „Модерна“ против ковид 19 за деца на возраст од 12 до 17 години.

Заедно со вакцината „Фајзер“, ова е уште еден лек одобрен за адолесценти.

– Достапните податоци покажуваат дека вакцината е ефикасна и безбедна за субјектите од оваа возрасна група – се наведува во соопштението.

Некои европски земји објавија дека вакцинацијата на децата е важна за да се постигне колективен имунитет во времето на ширење на повеќе заразна варијанта на делта вирусот.

„Модерна“ во мај објави дека нејзината вакцина е безбедна и ефикасна за тинејџерите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button