ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вакцинацијата со Спутник V најверојатно ќе почне со повозрасните лица

Тимот кој ги евалуира упатствата за руската вакцина Спутник V денеска треба да излезе со дефинитевен став, кои лица ќе имаат предност за вакцинирање со оваа вакцина. Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека најверојатно тоа ќе бидат повозрасните лица и оти има размислувања за тоа каде да се почне со вакцинација. 

– Сега има некои мислења и за тоа дали да се почне со старечките домови и со луѓето коишто се сместени таму или со дел од кадарот, така што дефинитивно денеска ќе знаеме, изјави министерот.  

Втората доза од руските вакцините би дошле во земјата најдоцна за три недели, но интензивно се разговара за пристигнување и на поголемо количество од првично предвиденото.

– Тоа беше обврска преземена од страна на претставниците на руската компанија, но истовремено и денеска, веќе утрово интензивно разговаравме со претставници на Руската амбасада, коишто помагаат да стигне и поголема количина, истакна Филипче. 

Повозрасните лица ќе бидат информираат преку матичните лекари за терминот и пунктот за вакцинација.

Министерот за здравство посочи дека денеска ќе се знае како ќе биде дистрибуирана вакцината Спутник V во другите градови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button