ВЕСТИЗДРАВСТВО

Вакцини има доволно, граѓаните масовно да се вклучат во вакцинацијата без термин, апелира Министерството за здравство

Вакцини во земјава има доволно, а процесот на имунизација функционира одлично, вели Министерството за здравство. Од таму информираат дека за релативно краток период вакцинирани се голем број граѓани изложени на поголем ризик на компликации од болест.

Министерството потсетувааат дека за вакцинација нема потреба од закажување термин и апелираат граѓаните масовно да се вклучат во процесот на имунизација.

„Вакцините против Ковид-19 ја намалуваат појавата на компликации и смртен исход од болеста. За да се постигне целта на вакцинацијата неопходно е да се вакцинираат што поголем број граѓани“, вели Министерството.

Министерството информира дека досега барем една доза антиковид-вакцина примиле 58 отсто од населението над 70 години, 55 отсто повозрасни од 65 години, 50 проценти од населението над 60 години и 40 проценти што се на возраст над 50 години.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба, посочуваат од Министерството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button