МАКЕДОНИЈА

Вакцини нема да ни требаат, на половина пат сме до колективен имунитет

Секој трет граѓанин има антитела на ковид 19. Ова го покажа истражувањето на Институтот за имунобиологија, спроведено пред две недели во Скопје. Ваквите резултати, според Институтот, покажуваат дека земјата е на половина пат до постигнување колективен имунитет, за што е потребно најмалку 60 отсто од граѓаните да ја прележат болеста.

„Обработката на податоците покажа дека 31% од случаите имаат антитела или секој трет граѓанин бил заразен со Ковид. Во анализата земени се примероци од лица кои знаеле дека се заразени, но и од оние кои не биле свесни дека се заразени. Анализата е извршена со 1.000 лица кои немаат семејни врски“, се наведува од Институтот за имунобиологија.

Институтот тестирал и здравствени работници кои биле вакцинирани со доза на „Фајзер“ и кои резултирале со високо ниво на антитела. Вакцинацијата на здравствените работници продолжува, додека сè уште нема вакцини за граѓаните. Властите без нови детали околу снабдувањето со вакцини. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска изјави дека утре се очекува Владата да разговара за прашања поврзани со снабдување со вакцини.

Алијансата за вакцини, одговорна за програмата Ковакс преку која се испраќаат вакцини во земјите со среден и низок приход, соопшти дека е во контакт со сите земји за дистрибуција на вакцини и дека за дистрибуција на вакцини мора да се исполнат условите за да бидат испратени вакцините. Шеќеринска рече дека Македонија ги исполнува сите услови да биде дел од механизмот КОВАКС и дека нема никакви пречки во нивната дистрибуција. До денеска, 4.782 здравствени работници примиле вакцина против ковид 19, додека 137.022 граѓани поднеле барање за имунизација. Инаку, во текот на последните 24 часа регистрирани се 284 нови случаи со ковид 19, а бројот на излекувани е 449 лица. 21 лице ја изгубиле битката, додека тестирани биле вкупно 1.258 лица.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button