ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Не се гледа крајот на проектот за канализација во Дебреше

Проектот за канализација во гостиварското село Дебреше почна минатата година, но крајот не се гледа. Жителите се револтирани. Патот е уништен од градежните работи, а отворените шахти секојдневно ги загрозуваат минувачите, особено децата.

“Ни пречи. Треба да правиме свадба за еден месец овде кај овие куќи, но ако падне некое дете внатре, кој е одговорен? Патиштата не се оставаат вака речиси една година”, жител

“Почнаа пред избори. Откако завршија изборите, населбата остана во мизерија. Многу ни пречи, но нема што да правиме, нема решение од општината и министерот е од ДУИ и тој не ни помогна”, жител

“Ова не е во ред. Вака ветуваат и го оставаат на половина. Возилата ни се расипуваат секој ден, како што го видовте патот, од почеток до крај”, жител

“Веќе 20 години нема инвестиции, а сега со канализацијата уште повеќе се оштети, не знаеме што да правиме, автомобилите се амортизираат, а плаќаме и осигурување”, жител

“Пред избори работеа малку, а после Нова година ништо не чепнаа, па останаа сите дупки, со отворени шахти каде што може да падне и дете”,жител

Од општина Гостивар признаваат дека работата не е завршена. Проблемот го лоцираат во некои од иселениците.

„Направивме дел од канализацијата, односно поставувањето на главната цевка, но го известивме и селското раководство за жителите кои треба да се поврзат, односно куќите, но дел од жителите живеат во странство. Поради тоа и чекаме, за да не остане некој објект без да биде поврзан со канализацијата“, изјави Валедин Дервиши, Општинско јавно претпријатие

Сепак, доколку работите не продолжат во рок од една недела, жителите најавија на протести и блокади на патиштата. /Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button