СПОРТФУДБАЛ

Ван Бастен: Фудбалот мора да запре, вакви сцени се недозволиви

Холандската легенда Марко Ван Бастен, еден од хероите на „лалињата“ за европската титула во 1988 година побара итно да се прекине со фудбалот после комплетниот хаос што се случуи во Амстердам предизвикан од навивачите на Ајакс, бесни зашто најголемиот ривал Феенорд ги наполни како никогаш досега во првиот дел.

Ајаксовите хулигани после тешката бламажа го прекинаа мечот, но не заврши само на тој прекин, зашто невиден бран на насилство потоа се прели пред стадионот, а ордата хулигани буквално рушеше сѐ пред себе.

Холандија веќе подолг период има многу сериозен проблем со хулиганите, кои збеснаа во последниве години и нема инцидент и на европски мечеви каде не се вклучени.

„Фудбалот во Холандија мора да запре. Ова не смее повеќе ни да се гледа. Мора да го направиме тоа, вакви сцени се недозволиви“, рече Ван Бастен за „Зиго Спорт“./Sport1/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button