СПОРТФУДБАЛ

Вардар и Академија Пандев, супер фаворити

Фудбалска среда во Македонија, а на програмата се натпреварите од осминафиналето на Купот на Македонија. Лидерот на табелата во Првата лига, тимот на Струга Трим Лум, на домашен терен го пречекува Работнички, кој доаѓа мотивиран по триумфот против Брегалница во Штип.

Шкендија на домашен терен ќе го пречека Скопје и е голем фаворит, а Тиквеш во Кавадарци е домаќин на минатогодишниот финалист Силекс. Актуелниот шампион Шкупи на Чаир ќе игра против амбициозниот второлигаш Воска. Најтрофејниот македонски клуб Вардар има релативно лесна задача против третолигашот Фортуна, а Академија Пандев за противник го има Љуботен. Брегалница по поразот од Работнички ќе бара поправен во Штип против Пелистер.

Натпреварот меѓу Победа и Македонија ЃП е одложен поради настапот на младинците на Победа во Лигата на шампионите. Овој меч е презакажан за 19. октомври. Натпреварите почнуваат во 14 часот.

ДВОЈКИ, КУП – ОСМИНАФИНАЛЕ (денеска, 14.00)

Струга ТЛ – Работнички

Тиквеш – Силекс

Шкендија – Скопје

Брегалница – Пелистер

Шкупи – Воска

Академија Пандев – Љуботен

Вардар – Фортуна

Победа – Македонија ЃП (19. октомври)

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button