ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вардар кон Грција ќе тече чист

Финализиран е договорот за најголемиот грант што земјава го има добиено од Европската унија, пари кои ќе бидат наменети за изградба на пречистителната станица за отпадни води во главниот град.

Министерката за животна средина Каја Шукова рече дека станицата што ќе се гради со грант од 70 милиони евра ќе овозможи примарно и секундарно пречистување на отпадните води во Скопје, што ќе ги исполни минималните барања од Директивата на ЕУ за третман на урбаните отпадни води. Сепак, таа нагласи дека ова и понатаму е предизвик.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, рече дека за неколку дена ќе биде потпишан договорот за почеток на работите и за надзор на проектот.

Европскиот амбасадор Гир потврди дека грантот е уште еден практичен пример за поддршката на ЕУ кон С Македонија.

„По пуштањето во употреба, пречистителната станица ќе може безбедно да ја третира и прочистува водата за 540.000 жители. Пречистената вода ќе биде квалитетна, по европски стандарди. Ќе се намали и истекувањето, па 70 отсто од водата ќе биде употреблива, што е од суштинско значење во период на климатски промени и раст на урбаното население. Ќе помогне исто така и водата од реката Вардар, која тече од Скопје до Егејското Море, да биде помалку загадена“, рече Гир.

За потпишувањето на договорот, денеска реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Од оваа партија рекоа дека овој значаен капитален проект за Скопје бил директно саботиран од Данела Арсовска и СДСМ со лажно манипулирање дека е криминален и оти кадрите на ВМРО ги брцнале рацете во медот. Според нив, дека тоа не било воопшто точно и оти всушност сè било во ред потврдила и потпретседателката на Европската инвестициска банка, која рече дека се работи за кристално чист проект.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button