ВЕСТИРЕГИОН

Вархеји: Детална истрага за насилството во Косово

Европскиот комесар за проширување и соседски односи Оливер Вархеjи денеска апелираше насилството на северот на Косово веднаш да престане.

Вархеји преку платформата Х (Твитер) рече дека најостро го осудува инцидентот на влезот во селото Бањска на северот на Косово, во кој загина еден припадник на косовската полиција, а друг е ранет.

Според него, ЕУ ја поддржува работата на ЕУЛЕКС и КФОР на терен и бара да се спроведе детална истрага.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button