РЕГИОН

Вархеји во Сараево на средба со членовите на Претседателството на БиХ

Членовите на Претседателството на БиХ денеска во Сараево ќе се сретнат со еврокомесарот за соседски односи и проширување, Оливер Вархеји, соопшти Претседателството на БиХ. Од кабинетот на Вархеји беше потврдено за локални медиуми дека за време на дводневната посета, еврокомесарот со претставници на БиХ ќе разговара за реформите и следните чекори на европскиот пат на БиХ.

Вархеjи деновиве најави дека Босна и Херцеговина во следниот месец може да добие кандидатски статус за членство во ЕУ. „Во рамките на Европската комисија ги удвоивме нашите напори да ги ставиме на маса предлозите за проширувањето. Оваа година веќе им дадовме кандидатски статус на Украина, Молдавија и Грузија и верувам дека оваа година ќе имаме уште една позитивна одлука за БиХ“, рече деновиве Вархеји на прес-конференција во Барселона, каде што се одржуваше Форумот на 43 земји на Унијата за Медитеранот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button