ВЕСТИСВЕТ

Вашингтон пост: ФБИ кај Трамп бараше документи поврзани со нуклеарно оружје

Вашингтон пост: ФБИ кај Трамп бараше документи поврзани со нуклеарно оружје

За време на претресот на домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, агенти на ФБИ пребарувале доверливи документи поврзани со нуклеарно оружје, објави „Вашингтон пост“ повикувајќи се на добро информирани извори.

Не е познато какви информации бараше ФБИ или дали такви документи се пронајдени во домот на Трамп во Палм Бич, Флорида, додава американскиот весник.

Министерството за правда побара од истражниот судија да издаде запечатен налог со кој се овластува претрес на имотот на Трамп за јавноста да може да дознае повеќе за тоа што барале истражителите, пренесува Ројтерс.

Претресот на куќата на Трамп беше извршен како дел од истрагата дали поранешниот американски претседател незаконски извадил документи од Белата куќа при напуштањето на функцијата во 2021 година.

Министерот за правда Мерик Гарланд изјавил дека тој лично ја одобрил одлуката за претрес, додавајќи дека Одделот не носи такви одлуки лесно.

Самиот Трамп во понеделникот објави дека се претресува неговиот дом и дека тоа го гледа како политичка одмазда.

Извор запознаен со истрагата рече дека агентите на ФБИ отстраниле десет кутии од домот на Трамп за време на претресот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button