ВЕСТИСВЕТ

Вашингтон предвидува „одлучувачка недела“ за мировните преговори во Украина

Преговорите за Украина денеска влегуваат во „одлучувачка недела“, предвидоа САД. Овие надежи ги изрази американскиот државен секретар Марко Рубио, иако борбите не покажуваат знаци на смирување.

Advertisements

Русија изврши напад со 150 дронови и ракети во неделата навечер, при што загинаа четири лица во источна Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Москва, од друга страна, објави „целосно ослободување“ на Курската област, што Украина го негираше.

-Блиску сме (до договор), но не доволно блиску, изјави вчера американскиот државен секретар Марко Рубио за телевизијата Ен-Би-Си. „Мислам дека оваа недела ќе биде клучна“, додаде тој.

Вашингтон не откри детали за својот мировен план, но предложи линијата на фронтот да биде замрзната и Киев да го отстапи Крим на Русија во замена за прекин на непријателствата – предлог за кој Киев одбива дури и да дискутира.

Спротивно на изјавите на Зеленски, Трамп вчера изјави дека верува оти украинскиот лидер е подготвен да се откаже од Крим. „Мислам дека да. Таа работа со Крим беше пред 12 години“, рече Трамп како одговор на новинарско прашање дали верува оти Зеленски е подготвен да го „предаде“ полуостровот, анектиран од Русија во 2014 година.

Американскиот претседател во последните денови изрази сомнежи во врска со подготвеноста на Владимир Путин да ја заврши војната.

„Сакам тој да престане да пука. Седнете и потпишете го договорот“, инсистираше вчера Трамп. „Имаме основа за договор, верувам во тоа и сакам тој да го потпише“, додаде американскиот претседател.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button