ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вчера полицијата во Скопје казнила вкупно 143 возачи

На територија на Град Скопје полицијата вчера изрекла вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 48 санкции, 19 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, а 20 санкции за возење без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Изречени се 11 мерки за непрописно паркирање, четири мерки за минување на црвено светло, три мерки за некористење сигурносен појас, четири мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за возач почетник, седум мерки за нерегистрирани возила“,

се вели во соопштението од МВР.
Полицијата информира и дека ноќеска во периодот од 23 до 4 часот, спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 90 возачи. Од нив 38 на територија на СВР Скопје, 11 на територија на СВР Охрид итн.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button