ВЕСТИСВЕТ

Велика Британија го одложи олеснувањето на мерките поради ново зголемување на бројот на заразени!

Министрите во британската влада потпишаа предлог за одложување на укинувањето на сите епидемиолошки мерки од 21 јуни, но добро информирани извори во владата најавуваат дека активните мерки ќе останат во сила најмалку четири недели по тој датум, пренесуваат светските агенции.

Би-Би-Си во утринскиот извештај известува дека ноќните клубови ќе бидат затворени до ново известување и дека граѓаните ќе бидат охрабрени да продолжат да работат од дома секогаш кога е можно, а премиерот Борис Џонсон се очекува лично да ја потврди оваа владина одлука подоцна во текот на денот.

Владата потоа ќе достави предлог до парламентот за гласање, каде се очекува сериозно противење на британските конзервативци, иако значителен дел од британската експертска јавност апелираше да се одложи укинувањето на мерките со цел да се вакцинираат што повеќе граѓани со втора доза.

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Раб, изјави дека одлуката за одложување на укинувањето на сите ограничувачки мерки ќе зависи од тоа дали е влошена врската помеѓу бројот на новозаболени и бројот на хоспитализирани.

Во меѓувреме, бројот на нови случаи на заразени т.н. Делта-вирусот на коронавирус во Велика Британија е во пораст.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button