СПОРТФУДБАЛ

Велковски, дел од унгарскиот прволигаш Ниреѓихаза Спартак

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски во продолжението на сезоната ќе биде дел од унгарскиот прволигаш Ниреѓихаза Спартак. Клубот денеска го објави потпишувањето на договорот со дефанзивецот, кој беше без клуб во изминатиот период.

„Верувам дека унгарската лига е многу квалитетна, а Ниреѓихаза Спартак има одлични услови за работа. Стадионот е модерен, а навивачите се страстни поддржувачи на клубот. Очекувам да напредуваме заедно и да придонесам за успехот на тимот. Ме привлече визијата на раководството и стилот на игра што го застапува стручниот штаб, па затоа сум среќен што ќе бидам дел од овој проект“, изјави Дарко Велковски.

Новиот договор го обврзува да го носи дресот на осмопласираниот тим во унгарското првенство до крајот на сезоната.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button