ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Велосипедист тешко повреден откако во него удрил возач на БМВ

Велосипедист на 65 години е тешко повреден откако во него удрил возач на БМВ вчера во Тетово. Сообраќајната незгода се случила на булеварот „Маршал Тито“ околу 10 часот.

– Во СВР Тетово во 10.20 часот било пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(35) од Тетово, удрило во велосипед управуван од Ј.П.(65) од Тетово. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button