ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Велосипедскa патека во Тетово – Граѓаните: Некој се шегува со нас!

Обележувањето на велосипедската патека во Тетово, повеќе ги загрозува животите на граѓаните кои сакаат да возат велосипеди отколку што обезбедува слободен пат за нив. Вака Јусуф Лазими, професионален велосипедист, го коментира обележувањето на патеката.

„…. патеките се направени без стандарди. Не дека ние сме којзнае каква развиена земја, но самиот факт дека тие се направени без стандарди, не е добро смислено. Веднаш до патеката за велосипедисти има паркинг за автомобили, ова не нуди ниту простор за маневрирање ниту за претекнување на велосипедист, бидејќи според стандардот мора да биде најмалку еден метар и дваесет ширина, за да се обезбеди место за маневрирање. Што ако дете помине таму со одредена брзина кога паркираниот автомобил може да ја отвори вратата“, реагира Јусуф Лазами, велосипедист.

Покрај професионалните велосипедисти, на ова реагираа и граѓани и активисти од граѓанскиот сектор, нарекувајќи го ова исмејување на граѓаните.

„Општинските власти може да бидат во изборна паника затоа што работат колку да се рече дека нешто се прави. Навистина за велосипедистите е потребна патека, сепак, колку тие се придржуваат до условите и колку Тетово ги исполнува стандардите е знак прашање бидејќи во некои точки тоа е повеќе пречка отколку слобода на минување за велосипедистите“, вели Нгадњим Мемети, – граѓански сектор.

„Ова ни изгледа како шега, контејнерите се на средина на патот, го направија ова залудно. Погледнете каде е паркингот, никогаш не можете да ги отстраните овие“.

„Моментално не е добро, но со тек на време ќе го воведат во систем. Општината мора да го провери ова во секој случај“, велат жителите.

Од општина Тетово велат дека проектот е во тек и дека сите пречки ќе бидат поправени, додека за велосипедистите ќе биде поставена странична заштита.

„Проектот сè уште не е завршен, хоризонталната сигнализација е во постапка. На места каде што има проблеми како што се контејнери за отпад, страничните огради, на две или три места тие веќе се поправени, мора да се стават пластични заштитници за овие патеки да бидат секогаш слободни”, рече Елмир Мустафаи Секторски инженер за јавно дејство.

Велосипедската патека се планира да биде долга 2,5 километри од двете страни на улицата „Илинден“.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button