Поранешниот главен тренер на Арсенал и актуелен шеф на секторот за глобален фудбалски развој на ФИФА, Арсен Венгер го сподели своето мислење за идејата за создавање на европска Суперлига.
Премиер лигата е супериорна во однос на другите лиги. Овие лиги се обидуваат да ја уништат предноста што ја има Премиер лигата, оценува Венгер.
Најдоброто што можат да сторат во врска со тоа е да создадат европска Суперлига која ефикасно би ја уништила Премиер лигата. Значи, ако успеат да се договорат со врвните клубови во Премиер лигата, тоа ќе се случи, смета Венгер.