ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Верските заедници се вклучуваат во промоција на пописот

Верските заедници во земјава, претставени со МПЦ, ИВЗ, како и Католичката црква, се вклучија во промовирање на операцијата за попис на населението во дијаспората. На денешната средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, било договорено првите луѓе на верските заедници да дадат насоки до нивните претставништва во земјава, но и во дијаспората, да ги информираат и да ги охрабрат верниците да се вклучат во пописот.

„И поглаварот на МПЦ и на Исламската заедница и на Католичката црква дека уште денеска ќе ги информираат своите претставништва во светот да искомуницираат на различни начини своите верници да се вклучат во овој процес“, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button