ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ветерот го проширува пожарот во Националниот парк Галичица

Пожарот на Националниот парк Галичица, кој е активен веќе една недела, од 2200 метри надморска височина, од синоќа, поради промена на правецот на ветерот, се спушти на надморска височина од 1600 метри и почна да навлегува дел од буковата шума. Поради тоа донесена е одлука, денес да се делува со армиските авиони од воздух, а од утре во гаснењето на пожарот да се делува и со чевечка сила.
„До ЦУК беше поднесено барање за ангажирање на хелихоптер уште на 30 август за гасење на пожарот. На 1 септември беше пратено и второ барање, но немаше услови за ангажирање на хелихоптер поради постоење на многу неексплодирани мини од Првата светска војна.На состанокот денес се донесе и заклучок утре во раните утрински часови да се делува со човечка сила со околу 40 луѓе кои ќе се на терен и паралелно ќе се делува и со гасење на пожарот од воздух, изјави градоначачникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот рече дека пожарот за сега е далеку од населените места. Се надева дека во текот на наредните два дена пожарот ќе биде целосно изгаснат.

„Во пожарот е зафатен шумски потег на непристапен предел и во моментот нема опасност од проширување кон населени места. Засега не постои можност од делување на терен со човечки ресурс поради непристапност на теренот и опасноста од експлозии на неексплодирани гранати од Првата светска војна“, додаде Ѓеорѓиески.

Само денес во раните утрински часови се слушнале четири детонации од големиот број на неексплодирани експлозивни срества и направи, гранати, куршуми, кои што се останати на Галичица, а кои потекнуваат од Првата светска војна и Балканските војни.Според директорот на Центарот за управување со кризи,Стојанче Ангелов, истите се наоѓаат по самиот срт од каде започнал пожарот и се проегаат до подножјето на самата шума.

„Палењето на тревата создава температура што ги активира овие минско експлозивни средства, коишто кога човек би згазнал на нив не би се активирале, бидејќи се стари повеќе од 100 години, вели Ангелов.
Во изминатите неколку дена колку што е активен пожарот, се слушнале четириесеттина експлозии.
Мики Трајковски
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button