ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ветерот ни го исчисти воздухот, но проблемите остануваат

Нова зима-стари проблеми. И годинава граѓаните на С Македонија се соочуваат со загаден воздух. Скопје минатата недела се најде меѓу 7-те најзагадени градови во светот, а граѓаните стравуваат за своето здравје. Повикуваат институциите да преземат мерки.

„Слабо, не преземаат мерки, гледате дека народот страда, не мислат на народот. Малку поради пожарот во Тетово. Штетно е за постарите.“

„Секако, институциите треба да работат“, велат граѓаните.

Запрашана како е можно секоја година да се апелира, да се издвојуваат пари за справување со загадувањето и повторно секоја зима да се соочуваме со истата ситуација, министерката за животна средина вели: Проблемите со загадувањето нема да се решат за година или две.

Претходно Шукова изјави дека проблемите со мерните станици може да се решат за два дена, но на прашањето зошто мерната станица кај Ректорат не работи со месеци, рече дека немало резервни делови. Ќе се набавеле, па станицата идната година ќе функционирала.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button