ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вевчанци тераа карневал, полицијата апсеше

Откако претходно општината официјално се откажа од организирањето на Вевчанскиот карневал, многу граѓани денеска сепак самоиницијативно излегоа по улиците. Ги вршеа локалните адети и дефилеа кои се врзуваат со денот на Свети Василиј, односно некогашниот датум кога се бележело доаѓањето на новата година.

Но, потоа многубројни полициски сили започнаа да го растураат настанот. Дојде од тензија и до апсење на некои од учесниците.

„Откога заврши поворка со василичарите, дојде полиција со комбе со ротација и со сирени. Јас сето тоа го снимав, а го снимав и цело време карневалот. Но, ми дојдоа зошто сум снимал…“

Од полицијата велат дека интервенирале поради непочитување на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот.

„И покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собраа во Вевчани без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци.“

Градоначалникот потсетува дека уште пред три недели биле откажани сите активности, но…

„Но, сами знаете дека Вевчани тешко може некој да го спречи…“

На овој начин, велат во селото, макар и симболично успеале и годинава да ја одржат традицијата која е стара повеќе од 1450 години.

Miki Trajkoski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button