РЕГИОН

(Видео) Инцидент во бугарското собрание

(Видео) Инцидент во бугарското собрание

За малку е избегната тепачка во бугарското собрание помеѓу пратеникот на „Продолжуваме со промените“ Искрен Митев и претседателот на „Преродба“ Костадин Костадинов, јавуваат бугарските медиуми.

Скандалот почнал од говорот од собраниската говорница, во кој Митев рече: „Некои работи станаа јасни. Стана јасно дека господинот Копејкин го предаде народот зошто си што купи куќа од нивните пари, парите што му останале, ги смени во евра, се вакцинираше и на крајот зеде картичка за да покаже дека е почовечен од другите“.

Во овие реченици на Митев се пронајде пратеникот на Преродба, Костадинов кој му се обратил на претседателот на Собранието Кристијан Вигенин со зборовите: „На овој идиот, ќе му го скршам носот“. Сепак, Вигенин не му дадел збор, нагласувајќи дека не е јасно кому пратеникот Митев го адресирал говорот.

Костадинов отишол до местото во салата каде што седел Митев тој го повлекол за вратоврската. Тогаш во „помагањето“ се вклучија и пратениците од двете пратенички групи, а реагираше и обезбедувањето за да ги ослободи од клинч двајцата пратеници кои ги развоија за да не се степаат.

Вигенин, за да ја намали тензијата ја прекинал седницата и дал пауза.
Скандалот се случил додека пратениците работеле на законот за пристап и откривање документи и објавување на бугарски државјани поврзани со Државната безбедност и разузнавачките служби на БНА.

Подоцна пратеникот Искрен Митев се извини од говорницата во парламентот им се извини на децата и другите присутни во салата по повод Денот на детето./fokus.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button