МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Истрели од огнено оружје на одбележувањето на 11 октомври

Редакцијата на Алсат доби видео снимка на која се гледаат две лица кои пукаат со автоматско оружје.

Како што се забележува на материјалот, двајцата се качени на балкон на зграда, од каде се виорат државни знамиња, а по истрелот на рафалите, почнува прослава со огномет.

Според тврдењата, видеото е снимено вчера, на 11 октомври, што се поврзува со одбележувањето на Денот на почетокот на народното востание против фашизмот.

Алсат се обрати до Министерството за внатрешни работи во врска со случајот, но сѐ уште чекаме одговор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button