МЕТРОПОЛ

ВИДЕО: Кина изгради 158 километри пат без ниту еден работник

Кинески градежници постигнаа значаен подвиг со тоа што станаа првите во светот што асфалтираа дел од патот без ниту еден работник ангажиран во работата, само со помош на машини-дронови. Станува збор за асфалтирање на 157,79 километри од автопатот Пекинг – Хонгконг – Макао.

Изградбата на патишта одамна е трудоинтензивен, сложен и процес, кој одзема доста време. Потребни се синхронизирани напори на голема работна сила и бројни машини кои работат заедно за поставување на асфалтот, обезбедување на соодветна основа и одржување на стандардите.

Сепак, револуционерен проект во Кина поставува нови стандарди за изградба на патишта со вклучување на напредна автономна технологија во големите работи на патиштата. Овој проект го истакнува големиот потенцијал на автономните системи да ја трансформираат индустријата, подобрувајќи ги перформансите, безбедноста и квалитетот на начини кои некогаш биле незамисливи, известува Highwaysindustry.

Сржта на овој потфат била импресивна флота од автономна патна опрема обезбедена од Sany, кинески производител на тешки машини. Флотата вклучувала 20 метри широк беспилотен финишер, шест ваљаци со двоен барабан од 13 тони и три гумени ролери од 30 тони.

Овие машини работеле во координирана формација 1+3+3+3, работејќи заедно за да ги исполнат нивните индивидуални задачи.

Она што го издвојува овој проект не е само големината и сложеноста на вклучените машини, туку и врвната технологија што се користела за контрола и синхронизирање на опремата. Напредните алгоритми, системот за позиционирање на сателитот Beidou, кој нуди прецизност и комуникациската мрежа со мала латентност овозможиле планирање на траекторијата во реално време и прецизна оперативна контрола.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button