ЗАБАВА

(ВИДЕО) Колумбиска судијка се појави полугола на судско рочиште на Зум, пушејќи цигара во кревет

Колумбиската судијка Вивијан Полањи, позната по споделувањето непристојни фотографии на својот профил на Инстаграм, е суспендирана на три месеци откако се појавила на виртуелен состанок на платформата Зум додека полугола пушела цигара во кревет.

На видеото од 33 секунди што кружи на социјалните мрежи, 34-годишната судијка Вивијан Полањи може да се види како лежи во кревет, едвај полубудна, додека пуши цигара.

Во еден момент од состанокот, обвинителот ѝ кажува на Полањи дека камерата ѝ е вклучена и таа веднаш ја исклучува.

Според шпанските Ел Паис и Фокс њуз, реагирајќи на инцидентот, Полањи за локална радио станица изјавила дека лежела во кревет за време на сослушувањето бидејќи страдала од напад на анксиозност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button