СВЕТ

(ВИДЕО) Меѓу водата и огнот! Гори зграда во Лиеж додека поплава го голта градот

Во белгискиот град Лиеж, за време на катастрофалните поплави, се запали зграда.

На снимката се гледа како зградата се руши, а на жителите на Лиеж им е наредено да се евакуираат. Најмалку 20 лица загинаа во Белгија за време на катастрофалните поплави што ја погодија Европа.

Бројот на загинати во Германија е над 100, многу луѓе се водат за исчезнати, а властите не ја знаат точната бројка поради прекин на телефонските врски. Се очекува да има повеќе жртви кога ќе се повлечат надојдените води.

Холандија не пријави жртви, но илјадници луѓе во градовите и селата покрај реката Меузе беа повикани да ја напуштат земјата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button