
Жителите на најголемиот град во Јужна Африка, Јоханесбург, беа изненадени од првиот снег по 11 години, а некои деца за прв пат видоа снежна покривка.
Во делови од Јужна Африка снег редовно паѓа во зимските месеци, кои на јужната хемисфера се од јуни до август, а Јоханесбург последен пат видел снег во август 2012 година, објави Гардијан.
Џенифер Фичет, професорка по физичка географија на Универзитетот во Витвотерсранд, изјави за јужноафриканскиот весник „Тајмс“ дека снегот најверојатно нема да потрае и дека е предизвикан од зголемената влажност, ниските температури и студениот ветер.
Последен пат во Јоханесбург падна снег во 2012 година, а претходно во 2007 година.
Снег таму паѓа во просек на секои пет години, а снег тежок како во понеделник се забележува на секои 10 до 20 години, изјави професорот по климатологија на Универзитетот во Витвотерсранд, Франсоа Енгелбрехт.