СВЕТ

(Видео) Невреме на Крим: Половина милион луѓе без струја, има повредени и исчезнати

Силно невреме го зафати Крим, поради што речиси половина милион жители останаа без струја, изјави советникот на лидерот на Крим, Олег Кријучков.

„Исклучени се 1.185 трафостаници, без струја се 498.000 луѓе“, напиша синоќа Кријучков на Телеграм.

Во невремето што го зафати Крим едно лице исчезна, а четири се повредени, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации. Pрипадниците на тоа Министерство цела ноќ ги евакуирале луѓето од поплавените куќи и им пружале помош, пренесува РИА Новости.

Според Крјучек, 38 бригади работат на обновување на снабдувањето со електрична енергија. Денеска е неработен ден на Крим поради невремето.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button