ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Невреме направи хаос во Ријека, загина маж, поплавени бројни институции

Силно невреме со грмотевици ја погоди областа Риека во средата. Големи количества дожд предизвикаа поројни поплави на улиците на Риека, а еден маж загина во поројот што го однесе.

Невозможно е да се процени настанатата штета, но застрашувачките снимки покажуваат колку ситуацијата на терен е катастрофална, пренесува 24sata.hr.

Бројни згради беа поплавени и уништени; полициски штаб, штаб на противпожарна бригада, ректорска зграда, прва хрватска гимназија во Риека, детска куќа, шеќерна палата, ММСУ, основно училиште Вежица, Трсат и многу други.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button