ВЕСТИСВЕТ

ВИДЕО: Паднати далноводи и искорнати дрвја, снегот направи пустош во САД

По празничната недела обележана со откажувања на летови и рекордно зголемување на случаите на Ковид-19, силната зимска снежна бура дополнително го наруши транспортниот сектор во САД, ги затвори федералните канцеларии и го запре животот во Вашингтон.

Снежната бура нанесе неочекувано силен удар и се чини дека најголемиот дел од главниот град на САД го најде неподготвен привремено заробувајќи го американскиот претседател Џо Бајден во претседателскот авион.

Многу Американци се обидуваат да се вратат дома по божиќните и новогодишните празници, но се соочуваат со илјадници откажани летови поради лошите временски услови и проблемите со персоналот на авиокомпаниите, кои делумно се должат на ширењето на инфекцијата со коронавирус меѓу екипажот на авионите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button