ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Полицијата во Амстердам растури протест против епидемиолошките мерки

Интервентната полиција опремена со палки и штитови растера неколку илјади луѓе кои во текот на вчрашниот ден почнаа да се собраа во Амстердам да протестираат против епидемиолошките мерки и вакцинацијата против ковид-19.

Градоначалничката Фемке Халсема издаде наредба до полицијата да го исчисти централниот плоштад откако демонстрантите ја прекршија забраната за јавни собири..

Демонстрантите, кои главно не носеа маски и не држеа дистанца, ја игнорираа забраната за одржување митинзи на главниот плоштад.

Холандија воведе карантин на 19 декември, кога владата одлучи да ја забрани работата на продавниците (освен неопходните), на рестораните, фризерницитее, спортските сали, музеите и другите јавни места до 14 јануари.

Како и другите европски земји, Холандија го стори тоа за да го запре бранот на омикрон, што предизвика низа протести во земјата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button