ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Повредени шест деца при напад со нож во парк во Франција

Најмалку осум лица, вклучително и шест деца кои се на возраст од околу три години, се избодени со нож во напад во парк во близина на Анеси, алпски град во Југоисточна Франција.

Според последните информации кои ги пренесува Би-би-си, две деца и еден возрасен од повредените се во критична состојба.

Настанот се случил утрово околу 09:45 часот.

Според информации од странските новински агенции, напаѓачот е по потекло од Сирија, има 32 години и не ѝ е познат на полицијата. Француските медиуми пренесуваат дека на терен се многу спасувачи, полиција и војска, за згрижување на жртвите и обезбедување на просторот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button