ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

(ВИДЕО) Се трансформира во авион за помалку од три минути: Автомобил доби дозвола да полета

Летечки автомобил од Словачка доби официјална дозвола за летање, изјави портпаролот на словачкото Министерство за транспорт.

Производот на компанијата „Klein Vision“, наречен „AirCar“ е комбинација од автомобил и мал авион.

Првиот лет на релација Нитра – Братислава го имал во јуни 2021 година, а траел половина час.

Оттогаш, тој успешно ги заврши сите тестови потребни за да добие официјална дозвола за лет од  словачките воздухопловни власти. Хибридниот авион досега имал 200 полетувања и слетувања и вкупно 70 часа лет.

Компанијата планира во блиска иднина да понуди директни летови меѓу Париз и Лондон.

„AirCar“, развиен од основачот на компанијата Стефан Клајн, може да се вози по патиштата како обичен автомобил, а откако ќе ги рашири крилата, за помалку од три минути се трансформира во авион.

Клајн и неговите партнери веќе го претставија хибридниот модел, првично наречен „Airmobile“, на неколку меѓународни саеми за автомобили од 2013 година, предизвикувајќи светска сензација.

Подоцна, Клајн раскина со своите финансиски партнери и основаше своја компанија, која сега сака да излезе на пазарот со летечкиот автомобил наречен „AirCar“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button