СПОРТ

(ВИДЕО) Скандал во Премиер лигата, Виеира удри навивач на Евертон

Фановите на Евертон истрчаа на теренот по големата победа против Кристал Палас со која обезбедија опстанок во Премиер лигата.

Френк Лампард и неговите избраници запишаа големи три бода и предизивикаа еуфорија на „Гудисон Парк“. Тоа донесе мал инцидент на крајот од натпреварот, кога навивач доби „ќотек“ поради провокации кон гостинскиот менаџер Патрик Виеира.

На видеото се гледа јасно дека навивачот на домашниот тим му покажува среден прст, а потоа добива одговор на провокацијата од францускиот стратег. Јавноста го осуди предводникот на Кристал Палас, меѓутоа се гледа зошто ситуацијата излезе од контрола по конечниот судиски свиреж.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button