МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Спасовски ги посети повредените полицајци од синоќешниот протест

Утрово, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, како и заменик-директорот на БЈБ, Ариф Асани, на Клиниката за неврохирургија ги посети полицајците кои беа повредени во вчерашниот јавен собир пред Собранието на РСМ.

„Синоќа бевме сведоци на еден мрачен настан, кој од јавен собир како неприкосновено демократско право се претвори во вандализам, јавен собир организиран од опозициските партии, на којшто беа брутално нападнати храбри припадници на полицијата, беше посегнато по нивните животии додека си ја вршеа својата професионална должност пред Владата, МНР и пред Собранието. Затоа најостро го осудувам насилството врз полициските службеници, а во свое име и во име на раководството на МВР изразувам длабока почит за храброста и херојството во одбрана на безбедноста на државните институции и од срце им посакувам брзо закрепнување на сите повредени колеги”, рече Спасовски.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button