ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Тројца скијачи загинаа во лавина во Италија

Тројца скијачи вчера загинаа во лавина во северниот дел на италијанскиот регион Пиемонт, пренесува Еуроњуз.

Лавината погоди група од петмина скијачи, од кои двајца преживеаја. Со хеликоптер итно се пренесени во болница.

Според спасувачките извештаи, сите скијачи биле и искусни планинари.

Лавината започнала околу пладне на источната страна на Пунта Валгранде, врв на границата меѓу Италија и Швајцарија.

Снежната маса ги влечела скијачите неколку стотини метри од местото каде што скијале, на надморска височина од 2 800 метри.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button