ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Цел државен врв на Австрија затекнат на журка! Се пишуваат кривични пријави

Слободарската партија на Австрија (ФПО) поднесе жалба против австрискиот канцелар, како и други политичари, поради забавата по учество во ТВ-емисија.

Имено, ФПО наведува дека канцеларот, Александар Шаленберг, како и други политичари, по учеството во хуманитарната емисија на јавниот сервис ОРФ „Светлина во темнината“, отишле на забава по снимањето.

Покрај канцеларот, во емисијата учествуваа и австрискиот претседател Александар ван дер Белен, вице-канцеларот Вернер Коглер, министерот за здравство Волфганг Микштајн, министерката за одбрана Клаудија Танер, министерот за внатрешни работи, Карл Нехамер, министерот за туризам, Елизабет Кестингер и министерот за труд, Мартин Кохер, но и лидерот на опозициската Социјалдемократска партија СЈО) Памела Ренди Вагнер.

Фотографиите од телевизијата предизвикаа бројни реакции во јавноста, бидејќи покажуваат како политичарите уживаат и не носат маски и покрај карантинот и строгите мерки.

ФПО поднесе пријава за прекршување на епидемиолошки мерки при што како доказ приложи видео и фото материјал.

Тужба против претседателот, канцеларот и други политичари поднесе и адвокатот од Долна Австрија, Стефан Данзингер, кој моментално е во карантин поради корона вирусот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button