ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Целиот остров во пламен: Стотици пожарникари на терен; Наредена евакуација

Веќе 48 часа голем пожар беснее на грчкиот остров Хиос во Егејското Море, ширејќи се на три фронта.

Advertisements

Од утрово во 06:00 часот по локално време, властите испратија два СМС-повика за превентивна евакуација на подрачјата Реста и Агија Параскеви во Кариос, објавува порталот „Катимерини“.

Денеска канадерите повторно се активни, а дополнителни противпожарни сили се донесени на островот со брод од атинското пристаниште Пиреја. Досега, во операцијата за гаснење на пожарот се распоредени 190 пожарникари, 38 возила и четири авиони, но се очекуваат дополнителни засилувања.

Од неделата, евакуирани се уште 15 населени места, имено Агиос Маркос Вронтадос, Карис, Варваси, Евери, Вавилои, Дафнонас, Верверато, Калкио, Василеонико, Гру, Зифијас, Агиос Макариос Вронтадос, Агиос Пагина, Агиос Панари, Ѓос Панорама, Панагија Воитија.

Екипа од Дирекцијата за противпожарна заштита (ДАЕЕ) е на Хиос, по наредба на началникот на Државната противпожарна служба, генерал-потполковник Теодорос Вагиас, со цел да се истражат причините за пожарот, во соработка со Државната безбедносна служба на грчката полиција (ЕЛАС), објавува „Катимерини“.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button