СВЕТ

ВИДЕО: Украински новинар и проруски политичар се степаа со тупаници за време на емисија во живо

Тепачката избувна кога Шуфрич истакна дека „Платформата за живот“ е втора најсилна во парламентот и дека „народот на Украина ја поддржува неговата страна“, на што Бутусов одговори со обвинувања дека членовите на „Платформата“ се предавници, обвинети за предавство и ширење руска пропаганда и наративи во Украина.

Модераторот се обидел да ја смири ситуацијата велејќи дека „судот е да одлучи дали некој е предавник“, но не успеал, пренесува dailymail.

Само неколку моменти подоцна Бутусов долетал до Шуфрич и го удрил во лицето, по што дошло до тепачка.

Кога ситуацијата малку се смирила, Шуфрич го напуштил студиото на неколку минути, а потоа се вратил и му рекол на својот ривал дека е „обичен провокатор“ и дека „гребе како девојче“.

Инаку, поранешниот премиер Арсениј Јацењук и поранешниот претседател Петро Порошенко биле сведоци на тепањето откако биле присутни во ТВ емисијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button